Анкета: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, опаѓа на СДСМ
Зголемен рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажува последната анкета која агенцијата Маркет Вижн ја спроведе за МКД.мк. расте бројот и на граѓани кои ќе излезат на следните избори.
На прашањето „во кој лидер на партија имате најголема доверба“, речиси 13% го посочуваат Мицкоски, зад него е лидерот на ДУИ Ахмети со рејтинг од 6,65%, а трет на листата е актуелниот премер Ковачевски во кого доверба имаат 4,25 отсто од испитаниците. Сепак најголем процент од граѓаните, или близу 60 проценти немаат доверба во ниту еден политичар.
Ако се споредат бројките од анкетите кои истата агенција ги има спроведено во февруари, јуни, септември и оваа анкета во декември, воочлив е растот на рејтингот кај Мицкоски од 11 на 13%, пад кај Ковачевски од 8,2 на 4,3 проценти и стабилниот рејтинг на Ахмети од околу 6 отсто.
Политичките аналитичари најинтересна трка на следните избори очекуваат токму во првата изборна единица, каде директно ќе се соочат Ковачевски и Мицкоски.
16,35% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, 6% се убедени во победа на ДУИ, 5,65% се определиле за СДСМ.
Од оние кои ќе излезат на изборите близу 27% ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, партијата има раст од 5% во споредба со анкетата на Маркет Вижн од почетокот на годинава. кај СДСМ пак популарноста опаѓа од 12,4% во февруари на 9,2% во декември.
Анкетата за прв пат го мери рејтингот и на Максим Димитриевски од 2%, додека за неговата нова парија ЗНАМ на следните избори би гласале 1,2% од испитаниците. Расте поддршката за ДУИ, додека опозициската тројка БЕСА, Алтернатива и Демократско движење се уште се далкуод процентот на популарноста на партијата на Ахмети.
Повеќе од 60% од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на следните избори, што е раст од 5% во споредба во анкетата на почетокот на годинава.
Овој тренд на раст според Арсовски покажува дека граѓаните се загрижени за иднината на земјата и сакаат активно да се вклучат во избор на новата власт, иако вели дека Македонија традиционално нема мала излезност на избори.
Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 8 до 15 декември на репрезентативен примерок од 1.067 испитаници.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
