Стручната фела бара национална стратегија за справување со безбедносните закани
Државата, безбедноснте служби и професорите да скројат квалитетна национална стратегија за справување со безбедносните предизвици, особено насочени кон децата и младите. Професорите по безбедност предупредуваат дека македонското општество не ја научи лекцијата од ниту една девијантна појава, особено по убиството на малата Вања. Алармираат дека отпорноста на државата за безбедносните закани во моментов е слаба.
Ставањето на хартија на сите чекори за да се обезбеди висок степен на безбедност за граѓаните не е доволно, вели професорот Бакрески од Институтот за безбедност. Потребно е обединување на сите чинители, за да бидат постигнати конкретни видливи чекори.
Стручната јавност веќе имала обид за креирање конкретни платформи по лажните дојави за бомби и убиствата во соседствата, но по средбите во Министерствата за образование и во одбрана, никој не одговорил на нивните предлози.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
