Македонија
19. December 2023 - 12:36

Со богата програма Охрид ќе ги пречека туристите за новогодишните празници

Охрид со богата неколкудневна програма за новогодишните празници. Почнувајќи од 28-ми декември па се до 1 јануари на градскиот плоштад охриѓани и туристите ќе уживаат во детски претстави, диџеи, забавна и народна музика.

За новогодишната ноќ ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Покрај на отворено, забава ќе има и во хотелските и угостителски капацитети. Туристичките работници велат дека се нуди богата програма за сечиј вкус.

Најбројни се очекува да бидат туристите од соседството, домашните и подалечните земји.

Охрид подготвено ги очекува туристите за претстојните празници. Голем е интересот како во хотелското така и во приватното смесување.