Партиите со меѓусебни обвинувања за одлуката на ЕУ
Одлуката на Брисел да ја остави Македонија и земјите од Западен Балкан на листата на чекање за полноправно членство, ги зголеми меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата. За СДСМ единствен кочничар на државата е, како што велат, анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица.
Поради високиот степен на корупција во врвот на власта Македонија не ги започна преговорите, обвинува опозициската партија. Според ВМРО-ДПМНЕ, неуспехот е голем, а тоа ја чини Македонија ново столче во чекалната на ЕУ.
И покрај ваквите обвинувања, премиерот Ковачевски оптимистички најавува дека тој ќе биде идниот мандатар на новата македонска Влада. Во интервју за Фокус, Ковачевски вината за ваквиот исход од самитот на ЕУ ја гледа кај ВМРО – ДПМНЕ.
- За важните реформски процеси, со кои конечно ќе обезбедиме европски квалитет на живот во државава, потребно е заедништво и затоа, победата на европскиот фронт на кој повикавме е извесна. Претседател на држава и на Влада може да биде само некој што има коалициски капацитет, вели Ковачевски.
Целосно ја отфрли можноста за која се говори во јавноста, по изборите да биде формирана влада од две најголеми македонски партии.
Европските челници дадоа зелено светло Украина и Молдавија да почнат преговори, додека Македонија останува да чека продолжување на процесот, откако ќе бидат спроведени уставните измени.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
