Македонија
16. December 2023 - 19:53

Експерти: И покрај отстапките Македонија се уште чека за членство во ЕУ

Со сменето име, уставни измени, направени отстапки и уцени од соседите за европска интеграција, Македонија не доби ништо - историчарите се револтирани дека меѓународната заедница со ветување за поддршка за македонските интеграции, всушност брза да го затвори македонското прашање. 

Под ветување за европска интеграција и македонскиот јазик беше негиран од соседите, велат и македонистите. На 98-годишнината од печатењето на македонскиот абецедар во Грција, професорката Јачева Улчар вели дека земјава досега изгуби се на патот до ЕУ со потпишување на договорите со соседите.

И одлуките на историската мешовита комисија се дел од обврските на кои се обврза Македонија во односите со Бугарија. Но, оттаму тврдат дека засега нема никаков договор за менување на учебниците, туку се договарале само технички работи за записниците од средбите. Историчарите од двете земји ќе го комплетираат годишниот извештај до крајот на јануари, а закажале и уште три состаноци до мај следната година на кои темите ќе бидат не само учебниците, туку и историските личности.

Револтот во јавноста е уште поголем по одлуката на европските челници да почнат преговори за Украина и Молдавија, додека земјите од Западен Балкан се уште чекаат придвижување на процесот.