Loading Video...
Свет
15. December 2023 - 19:46

Преглед на вестите од светот

СЕВЕРОТ НА КОСОВО ОД УТРЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ СРПСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ

Денеска истекува дополнителнот рок на Владата на Косово за промена на регистарските таблички издадени од Србија за  возилата во северно Косово со таблички  со ознаката РКС. Според податоците на владата на Косово , во РКС се пререгистрирани 4210 од околу 10 000 возила,  главно во опшитните Северна Митровица  и Лепосавик.  Од утре   ако полицијата наиде на возила  што не се пререгистрирани ќе ги запре, ќе ги одземе табличките, казните се 150 евра и ќе ја одземат возачката дозвола а на возачот му е дозволено да го тргне возилото од коловозот. Доколку опвотрно наидеме  на истото возило, возилото ќе биде одземено и испратено на царина“, изјави  заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.  Прашањето за промена на српските со косовски регистарски таблички е актулено  од минатата година и предизвика низа кризи на северот на Косово, излегување на Србите од косовските институции, но и протести и барикади.

ВО ТЕК Е ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПОРАДИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: АПСЕЊА ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО СРБИЈА И ЕВРОПА

Во повеќе градови во Србија и ЕУ во тек се апсења на осомничени за лажни пријави за бомби во училишта и други институции во Србија. Најмалку Три лица се уапсени во Србија и едно во Чешка, пренесуваат српските медиуми. Лажните дојави за бомби траат повеќе од една година, а во последно време се речиси секојдневни, што ги вознемирува децата и родителите и влијае на наставниот процес.

ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА: ГО УНИШТИВМЕ КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА ХАМАС ВО ГРАДОТ  ГАЗА

Војската на Израел соопшти дека уништила командно-контролен центар што го користела единица на Хамас во градот Газа . За време на операцијата војниците убиле голем број милитанти рече армискиот  портпарол Даниел Хагари. Израел проценува дека палестинското екстремистичко движење има вкупно 24 баталјони, секој со околу 1.000 членови.Војната во Газа ке трае неколку месеци изјавија израеслчките власти а американскиот претседател  Бајден им порача дека треба да бидат повнимателни со цивилите во Газа.

ДОБИ ОТШТЕТА ОД 160.000 ЕВРА – ПРИНЦОТ ХАРИ ГО ПОБЕДИ „МИРОР“ ВО СУДСКИ СПОР ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ

Британскиот Принц  Хари го доби судскиот спор со британскиот весник „Мирор“ по поднесената тужба за неовластено прибирање на информации за стории објавено за него. групацијата „Мирор“информациите ги добивала со   присклушување на   неговите телефони  од 2006 до 2011 година. . Мирор“, според пресудата, ќе треба да му исплати отштета од околу 160 000 евра  на Хари поради нанесен стрес од објавените текстови кои содржеле незаконски собрани информации.