Комплетирањето на ДИК потешко од комплетирањето на Пржинската влада
Учеството во техничката влада е законска обврска. Премиерот и денеска повторува дека опозицијата мора да се приклучи за да може овој процес да помине без никакви дамки
Опозицијата веќе неколку дена се труди да креира неизвесност околу своето учество во Владата на Џафери иако партиски функционери брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе предложи свои кадри за технички министри. Аргумент плус е и вчерашниот став на Милошоски кој во тема на денот рече дека техничките министри покрај можноста за контрола на изборниот процес за 100 дена ќе имаат време да ја прочешлаат и работата на нивните претходници.
И ако пржинската Влада полека станува зтворено прашање, комплетирањето на составот на ДИК и натаму е отворена тема. Премиерот денеска одби да каже дали ова место ќе и се остапи на БЕСА како што налага законот партија која ги обвинува дека го блокираат овој процес
Членовите на ДИК Собранието ги избира со двотретинско мнозинство што значи дека без политички договор, изборната комисија ќе треба да ги истурка изборите со еден член помалку што може да биде голем минус во целиот изборен процес.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
