Македонија
28. November 2023 - 16:42

Балтичките земји го бојкотираат Самитот на ОБСЕ во Скопје, МНР молчи дали ќе дојде Лавров

Бугарија дозволи прелет на рускиот министер Лавров за самитот на ОБСЕ. Дозволата е привремена и важи три часа пред и 72 часа по означениот датум, кој од бугарското МНР засега не го откриваат. Оттаму потенцираат дека дозволите не важат за членови на неговата делегација за кои Европската унија има воведно санкции. Па така, Лавров во Скопје би дошол без портпаролката Марија Захарова за која амбасадата веќе побара визи како дел од 85-члената руска делегација.

Иако се уште непотврдено, поради можното доаѓање на Лавров бројни делагации го откажаа присуството. Латвија, Естонија, Литванија и Украина веќе ја одбија поканата за министерскиот состанок.

Русија создаде егзистенцијална криза во ОБСЕ и ја претвори организацијата во заложништво на нејзините каприци и агресија. Во такви услови, присуството на руската делегација на министерскиот состанок на министерско ниво за првпат од почетокот на целосната инвазија на Русија во Украина само ќе ја влоши кризата во која Русија ја воведе ОБСЕ. Заедно мораме да работиме на спасување на ОБСЕ од Русија, а не со испраќање сигнали за можноста за враќање на формите на соработка кои постоеја до февруари 2022 година, на државата која ја спроведе најголемата вооружена агресија во Европа од крајот на Втората светска војна и грубо ги прекрши сите принципи на завршниот акт на Хелсинки. - порача украинското МНР

Она што е сигурно е дека утре попладне на скопскиот аеродром слетува американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ќе присуствува и на неформалната вечера која ја организира Османи.

Од Стејт депарментот вчера посочија дека Блинкен во Скопје ќе зборува за улогата на ОБСЕ во промоција на безбендноста во регионот, како и лидеркста улога на земјава во последниот период.

Претходно и од американска и од руска страна беше потврдено дека не е предвидена средба Блинкен-Лавров во Скопје.