Граѓаните да не го користат забранетиот пат на Галичица
Планинарската спасителна служба оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат кон Галичица. Оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и самоиницијативно возат од Корита кон Ресен ќе подлежат и на казни. Минатата година спасителите имале четириесетина интервенции за извлекување на заглавени возила.
Се почести се несреќите на планина, а статистиката покажува дека нивниот број е со тенденција на пораст. Спасителите велат дека пријавените случаи најчесто биле поради густа магла, губење, обилни врнежи од дожд и снег, силен ветер, одрони на карпи, ниски или премногу високи температури, повреди при движење и скршеници.
Изминатава година планинарската служба интервенирала при 34 несреќи во планина од кои 13 со сериозни тешки повреди, а два со смртни случаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
