Loading Video...
Свет
25. November 2023 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Камиони со хуманитарна храна и гориво и утрово преку граничниот премин со Египет влегоа во  појасот Газа. Оружјето мирува втор ден откако Израел и Хамас договорија примирје и размена на затвореници Во четирите дена привремен прекин на огнот, Хамас треба да ослободи најмалку 50 израелски заложници, а Израел 150 палестински затвореници. Вчера беа ослободени 24 заолжници од вкупно 240 колку што се претпоставува дека држи Хамас, а Израел пушти од затвор 39 Палестинци.

Пет лица се повредени меѓу кои и 11 годишно дете во нападот со дронови рано утрово во Киев. Украинските власти тврдат дека станува збор за најсилниот напад од почетокот со војната кој ги задржал граѓаните во скривница повеќе од 6 часа.

Целта на нападот се уште не е јасна но украинските власти сметаат дека Москва го таргетира нивниот енергетски систем како и претходната зима. Властите во Киев информираа дека поради нападот утрово, 200 згради меѓу кои и 77 станбени останале без електрична енергија.

Спектакуларна ноќна ерупција од снежните врвови на вулканот Етна на островот Сицилија. Светските агенции ги пренесуваат снимките направени оваа ноќ кога лавата се спушташе по југоисточниот кратер на највисокиот и најактивен вулкан во Европа. Италијанските власти издадоа предупредување за воздушниот сообраќај заедно со информацијата дека до овој момент, најблискиот аеродром во Катанија работи без проблеми.