Американскиот државен секретар Блинкен на Конференцијата на ОБСЕ во Скопје
Македонија има капацитет да обезбеди престој на сите членки на ОБСЕ, на престојниот Самит, па дури и на Русија. Но дали рускиот шеф на диломатијата Сергеј Лавров ќе допатува во Скопје, заега нема конкретни информации, особено што ставот на организиацијата за руската агресија врз Украина е јасен. Османи како претседавач со ОБСЕ, веќе најави дека очекува присутво на сите министри, па дури и на американскиот државен секретар Блинкен. Но потенцира дека во моментов во организацијата нема никаква доверба поради руското противење, затоа е отежнато носењето на било какви одлуки.
Американскиот амбасадор во ОБСЕ Мајкл Карпентер, кој е де од младинскиот форум на ОБСЕ во Скопје, вели дека одлуките треба да се носат со консензус, но никој вели нема да го пречека Лавров со раширени раце.
Годишната конференција на ОБСЕ во Скопје ќе се одржи на 29 ноември и 1 декември, а според најавите на МНР се очекува да учествуваат околу 1000 делегати.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
