Loading Video...
Свет
13. November 2023 - 17:04

Екс премиерот Дејвид Камерон е нов министер за надворешни работи на Велика Британија

Британскиот премиер Риши Сунак утрово направи ненајдени промени во владиниот тим - екс премиерот Дејвид Камерон е нов министер за надворешни работи.

- Се соочуваме со застрашувачка низа меѓународни предизвици, вклучувајќи ги војната во Украина и кризата на Блискиот Исток. Во овој момент на длабоки глобални промени, како ретко кога е важно оваа земја да застане со своите сојузници, да ги зајакне партнерствата и да обезбеди нашиот глас да се слуша. Иако бев на страна од политичката линија на фронтот во последните седум години, се надевам дека со моето искуство – единаесет години како конзервативен лидер и шест како премиер -  ќе помогнам премиерот да се соочи со овие клучни предизвици“, истакна Камерон.

Камерон доаѓа на местото на Џејмс Клеверли, кој пак ја заменува Сулеа Браверман во Министерството за внатрешни работи. Сулеа Браверман утрово доби отказ. Од владејачката Конзервативна партија велат дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина''. Браверман пред неколку дена го критикуваше постапувањето на полицијата на пропалестинските протести, односно дека не презеле построги мерки. 

Жестоки борби се водат помеѓу израелската армија и милитантите на Хамас околу најголемата болница во појасот Газа, Ал Шифа во градот Газа. Израел тврди дека Хамас има команден центар под Ал-Шифа - што Хамас го негира. Според израелската армија, болницата во која има над 1000 пацинети и над 15 000 луѓе кои таму побарале засолшните не е удар.

СЗО и ОН соопштија дека Ал Шифа повеќе не функцонира како болница. 

- Во последните три дена Ал Шифа не добива вода и струја и престана да работи. И тоа е крајно, крајно драматично, соопшти претставник  на ОН.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја ѝ понудила гориво на болницата, но Хамас одбил да го прифати, наводи кои веднаш беа демантирани од шефот на „Ал Шифа“, кој ги нарече лага и клевета. ЕУ во заедничка изјава на сите 27 членки, повика на прогласување повеќе кратки хуманитарни прекини на борбите.

- Бараме итни паузи. Зборувам во множина, не една, туку повеќе паузи. Но, тоа е целта. Овие итни паузи и хуманитарни коридори треба да бидат воспоставени за да се одговори на критичната состојба на луѓето во Газа. Бараме од Израел да покаже максимална воздржаност за да се зачуваат животите на цивилите. Ја осудуваме употребата на Хамас на луѓе и болници како штитови, но исто така изразуваме и загриженост за критичната ситуација на болниците, кои се тешко погодени од бомбардирањата, изјави Жозеп Борел – Висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.