Loading Video...
Свет
12. November 2023 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Израелската армија отвори нови коридори за бегство на цивили на југ од палестинската територија, а меѓу нив е и излезната рута од Ал Шифа – најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа кој викендов беше оштетен во израелските напади. Израелската армија најави дека ќе ги евакуира бебињата кои се наоѓале во болницата, додека меѓународните организации предупредуваат дека состојбата веќе може да се квалификува како хуманитарна катастрофа.

Во меѓувреме Израел продолжува со бомбардирање но не само на појасот газа. Како што соопшти израелската армија нападнати се цели во Сирија а размена на оган имало и на границата со Либан, каде што е активно движењето Хезболах.

Исланд од вчера прогласи вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција а градот Гриндавик кој има околу 4000 жители е целосно евакуиран. Силните потреси веќе предизвикуваат штета на инфраструктурата а локалните служби информираат дека се појавила пукнатината долга 15 километри.
Според исландската метеоролошка служба, ризикот од ерупција е значителен, а вулканолозите предупредуваат дека тоа би можело да се случи во секој момент а исфрлената пепел може целосно да го парализира воздушниот сообраќај во поголемиот дел од Европа.

Десетици илјади граѓани излегоа на протести во 52 града во Шпанија откако актуелниот премиер Педро Санчез со договори за амнестија на сепаратистите кои во 2017 организираа референдум за отцепување на Каталонија. Актуелниот премиер Санчез ги загуби изборите но десничарите не успеаја да обезбедат мнозинство за да формираат Влада по што тој се договори со партијата на Карлес Пучдемон на кој му беше ветена амнестија за организацијата на референдумот кој го забрани Владата во Мадрид.
Санчез минатата недела рече дека договорите со регионалните партии на Каталонија и Баскија се единствениот начин Шпанија да добие влада.