Едно лице загина а хрватскиот министер за одбрана е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа
Едно лице загина а хрватскиот министер за одбрана е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа која утрово се случила во близина на хрватскиот град Винковци. Според неофицијалните информации, до несреќата дошло кога хрватскиот министер Марио Баножиќ кој одел на лов, во услови на магла претекнувал камион при што се судрил со комбе кое наишло од спротивниот правец. Возачот на комбето починал на лице место додека хрватскиот министер со тешки повреди е префрлен во болница но според последните информации тој е надвор од животна опасност.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека зазеле клучните пунктови на Хамас во градот Газа, при што убиле околу 150 терористички оперативци. Хуманитарните организации и натаму предупредуваат дека болниците во Газа се пред колапс и немаат капацитет ниту доволно опрема за да ги згрижат сите повредени.
Во меѓувреме, арапската лига на барање на Палестинците на состанок во Саудиска Арабија ќе ги договара следните чекори. Една од воено најмоќните држави во тој регион Иран во пресрет на денешниот состанок порача дека арапскиот свет не смее да остане само на зборови, упатувајќи серија критики до САД каде го гледаат главниот виновник за ситуацијата во Газа.
Повик да запре убивањето на цивили упати и францускиот претседател во интервју за Би Би Си
Околу 4000 жители на градот Гриндавик во Исланд се евакуирани поради опасност од вулканска ерупција. Локалната метеоролошка служба регистрирала засилена сеизмичка актинвост која навестува дека во рок од неколку дена вулканот Ејафјордур ќе почне да исфрла лава и пепел. Целосно е затворена блиската сина лагуна која е една од најпопуларните туристички атракции во државата поради геотермалните извори.
Последната ерупција на овој вулкан во 2010 година целосно го запре воздушниот сообраќај во Европа одложувајќи повеќе од 100.000 летови.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
