Судски совет најавува став за критиките од Брисел следната недела, Лога формираше група за реформи
Нема реакција од надлежните институции поврзани со судството и борбата против корупцијата иако Извештајот на Европската комисија најлошите оценки ги добија овие две прашања.
Се уште без никакво мислење е најспоменуваната институција во Извештајот - Судскиот совет, која Брисел ја искриткува за контроверзното менување на Дамева од претседателскотот место и за обидите да се ограничи снимањето на седниците, а порача и повеќе да се залага да ја штитни независноста на судии.
Претседателот Ѓорѓиев ни порача дека анализа и реакција може да се очекува од понеделник.
Но додека, Ѓорѓиев е на службен пат, министерот за правда Лога излезе со свое решение – работна група за реформа на Судскиот совет.
„Со цел надминување на слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната работа на Судскиот совет, а во рамки на надлежностите на Министерството за правда за изготвување на законите во оваа област денеска формирав работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор“, напиша министерот на Фејсбук.
Тој веќе го објави и составот на групата. Со нејзе ќе претседава професорот по кривично право и академик Владо Камбовски. Меѓу имињата се и професорите Павловска-Данева, Шасивари, Беса Арифи и Денис Прешова. Во групата ќе биде и Цаца Николовска, како и поранешните уставни судии Сали Мурати и Бранко Нуамовски, а има и претставник од самиот Судскиот совет.
Неофицијално, групата идната недела ќе има иницијален состанок на кој ќе се договара кој ќе биде мандатот на групата и во која насока ќе се работи.
Реакции нема ни од собранискиот спикер Џафери за тоа дека Собранието пречесто го користеше европското знаменце за носење на законите, меѓу кои и Кривичниот законик кој според Европската комисија директно влијаеше на застарување на кривични предмети поврзани со високата корупција.
Шефот на државата Пендаровски, кој пак ги потпиша овие измени, останува единствено на неговата првична реакција кога го прими извештајот од евроамбасадорт Гир, дека документот „прикажува детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание, особено во сферата на владеење на правото, каде што оценките на Европската Комисија во изминатата година не се задоволителни“.
Државниот обвинител во заминување Јовески, уште вчера рече дека мислење за извештајот ќе има дури откако ќе го разгледа и ќе го изнализира документот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
