Македонија
9. November 2023 - 12:36
Во земјава недостигаат судии и јавни обвинители
Недостигаат судии и јавни обвинители во земјава. Статистички бројот на судии од 630 на број моментално е 400 што значи недостигаат 230 судии ,а половична е сликата и кај јавните обвинители. Станува збор за слика која што се случува изминативе 20 години а добрите познавачи се надеваат дека со новите генерации за неколку години ќе се надмине овој проблем.
Ваквата состојба е како резултат на немањето јасна стратегија во делот и на функционирањето на академијата и како резултат на сите зголемени пензионирања.
Покрај судии и јавни обвинители недостиг има во цела судска администрација фалат дактилографи и стручни соработници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
