Се уште неизвесна изградбата на депонијата кај Новаци
Југозападна Македонија сеуште ја чека долгонајавуваната депонија за комунален отпад која треба да се гради во Новаци.Но најнапред неопходно е затворање на несоодветните депонии, осум на број во овој регион. Според последните пресметки, затворањето на депонијата „Буково“ ќе чини најмалку три милиони евра, средства што не се обезбедени со кредитот за изградбата на новата депонија.
Градоначалникот Пецаков посочи дека за oпштината е важна модерната депонија од повеќе аспекти, бидејќи не само што отпадот од градот и околината се одлага во диви депонии како онаа на Буково, која честопати е опожарена и го загадува воздухот, туку и од страна на УНЕСКО се инсистира на нејзино затворање.
Модерните депонии според добрите познавачи се повеќе фабрики за производство на секундарни суровини отколку депонии за одлагање отпад, кои го минимизираат негативното еколошко влијание.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
