МНР ќе потроши речиси милион евра за наем на возила, Ковачевски вели Самитот на ОБСЕ е најголемиот настан во историјата на државата
Самитот на ОБСЕ е најголемиот настан во историјата на Македоннија. Премиерот Ковачевски не гледа ништо спорно што МНР ќе потроши речиси 1 милион евра само за наем на автомобили со кои ќе се превезуваат министрите на земјите членки на оваа организација. Наместо одговор на прашњето дали оваа сума е претерана во време на криза, премиерот објасни дека МНР нема да ги купува, туку ќе ги изнајмува автомобилите.
Ќе бидат искористени сите возила коишто ги исполнуваат стандардите на ОБСЕ во однос на организирање на ваква меѓународна конференција, а коишто ги користат во моментов државните институции. Со оглед на тоа дека има недостиг на такви возила за потребниот период, Министерството за надворешни работи имаше отворено постапка којашто е спроведена согласно законите и во рамките на тој лимит ќе биде искористено за изнајмување, а не за набавка на возила за делегациите коишто ќе доаѓаат“, вели Ковачевски
Според договорот кој го потпиша министерот Осамни, компанијата „АБЦ Рент а кар турс“ од Скопје ќе добие 960 000 евра за изнајмување на 175 автомобили со кои ќе се превезуваат делегациите во период од 7 до 8 дена. Од 20 до 30 илјади денари дневно ќе се плаќа и за изнајмување на мини комбиња и минибуси.
За организација на декемврискиот самит на ОБСЕ, Македонија ќе потроши 5 милиони евра.
Од нив 1,8 милиони евра одат за реконтрукција на спортскиот центар Борис Трајковски, 120 000 евра за промоција, а останатите 2 милиони евра ќе се потрошат за хотелско сместување на 70-те министри на ОБСЕ и нивните делагации.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
