Македонија
1. November 2023 - 12:38

Не се истражува археолошкото богатство на Македонија

Културното наследство во струшко кое има непроценлива вредност необележано и недоистражено. Локалитетот Дупен Камен иако го има на мапата на археолошката карта за него се уште нема никакви податоци.

За жал голем е бројот на оние локалитети кои нудат богата историја за нашето минато, но се заборавени.

Единствено подводниот локалитет Врбник е истражуван и презентиран пред јавноста со вредните археолошки остатоци.

Подводниот локалитет Врбник кој се наоѓа во струшкиот дел на Охридското Езеро може да биде нова туристичка атракција и со добра промоција во иднина да стане препознатлива дестинација како Заливот на коските.