Бизнис
31. October 2023 - 19:23

Со месечна бруто плата од 200.000 евра, скопјанец е најплатениот работник

Со месечна бруто плата од 196 илјади евра, скопјанец е на врвот на листата најплатен работник. Вработен е во трговијата со производи од тутун, а лани годишно заработил 2,4 милиони евра. Жител на Скопје пак,  пријавил највисок годишен бруто доход од 7 милиони 252 илјади евра. Парите ги заработил во странство. Според податоците на УЈП, на врвот на листата каде се исплаќаат највисоки плати се и болниците, трговијата со фармацевтски производи, металската индустрија, аптеките, производство на вино, управувачките дејности и комјутерското програмирање. Сепак, дел од овие компании УЈП ќе ги проверува, затоа што се сомнева дека избегнале да платат данок на добивка.

Според податоците на УЈП, добро се заработува и од самостојно вршење дејнoст. Адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и произвдоство на амбалажа од хартија, според примањата се во 10-те топ по заработка. Скопјанец повторно е на врвот со годишен доход од  над милион евра или 84 илјади евра месечна заработка. Пензионер од Скопје пак, прима највисока пензија од скоро 8 илјади евра месечно. Но истата ја остварил од странство.

- Најмладиот милионер има 9 години, додека највозрасниот 97 и има остварено доход во износ од 20,766 евра, додава Лукаревска.

Според податоците на УЈП, лани 28 граѓани оствариле приход над 100 милиони денари, односно 1,6 милиони евра, што е тројца повеќе од 2021 година. Зголемем е и бројот на лица кои заработиле меѓу 163 илјади до 1,6 милиони евра.