Меџити, Касами и Гаши бараат соработка со Таравари против ДУИ
Опозициското трио Меџити-Касами-Гаши испратило официјална покана за соработка до Алијансата на Таравари за следните избори. Одговор се уште не добиле, но впечатокот од терен бил дека постои такво расположение меѓу членството. Ако соработката се официјализира, тоа би значело окрупнување на албанскиот табор против ДУИ, против која се и главно критиките од албанската опозиција.
Обединување за повеќе гласови против актуелната власт СДСМ-ДУИ бара и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ги повика членовите на СДСМ и дел од раководството на партијата што не согласуваат со политиките на Ковачевски, веднаш да го напуштат тој табор и предизборно да се приклучат кон опозициското движење.
Мицкоски се уште тврди дека заеднички претседателски и парламентарни избори се најдобра опција за граѓаните.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
