Loading Video...
Свет
29. October 2023 - 16:35

Почина Метју Пери

Американскиот актер Метју Пери е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес. Телото на 54-годишниот Пери било пронајдено во џакузи без знаци на живот. Одделот за грабежи и убиства на полицијата во Лос Анџелес ја истражува смртта.

Дел од медиумите пренесуваат дека на местото на несреќата не била пронајдена дрога а немало ниту индиции за насилна смрт. 

Најголемата слава ја достигна во 90-тите години со улогата во светски популарната телевизиска серија „Пријатели“. Улогата му донесе номинација за наградата „Ени“ во 2002 година. 

Од Пери се простија бројни колеги, пријатели, фанови.