Израел втор пат со тенкови и пешадија навлезе во Газа
Земјите членки на ЕУ на самитот во Брисел упатија повик за хуманитарни паузи во борбите помеѓу Израел и Хамас за да се овозможи помошта во храна, вода и лекови да стигне до цивилите во појасот Газа.
- Можеме да видиме сериозно влошување на хуманитарната состојбата и важноста од развивање мерки за гарантирање пристап до опрема и хумантарна помош: храна, вода, струја, лекови. Помошта треба непречено и брзо да стигне до Газа, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
10 камиони со храна, лекови и вода влегоа во палестинската енклава. Според проценките на ОН, потребни се најмалку 100 камиони дневно. Газа станува гробница на луѓето заробени мегу војната, опсадата и сиромаштија предупреди Светската организација.
- Се случува хуманитарна катастрофа за 2,2 милиони луѓе затворени во Газа кои се колективно казнети. Колективната казна е воено злосторство. Колективното казнување на Израел на целото население во Газа мора веднаш да престане изјави портпаролката на ОН, Равина Шамдасани.
Хамас тврди дека речиси 50 заложници загинале за време на израелските воздушни удари на Газа во текот на ноќта.. Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта извршиле и втор копнен напад во појасот врз локациите на Хамас, а милитантите истрелале голем број ракети кон Израел.
Ракета падна и во близина на болница во египетското одморалиште Таба на Црвеното Море кое се наога во близина на границата со Изрел, покажувајки го ризикот од ширење на конфликтот Израел-Газа во регионот. Повредени се шест луѓе, пренесуваат египетските медиуми.
Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври досега се загинати повеќе од 7000 луѓе во Газа и над 1400 луѓе во Изарел. Според израелската армија Хамас држи најмалку 233 заложници во Газа.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
