Хамас ослободува заложници, Израел подготвен за копнена офанзива
Најмалку 140 лица загинаа во израелските воздушни напади врз појасот Газа во текот на нокта. Бил погоден бегалски камп тврди Хамас. Ударите беа фокусирани на теренот од каде палестинските милитнати вршат напади кон Израел возврати генералштабот на Израелските вооружени сили. Од таму порачаа и дека воздушните удари ќе продолжат а ке следи и копнена офанзива. Претходно, израелксите медиуми објавија дека Хамас се обиделе да постигнат договор со Израелза ослобдување на заложниците во замена војската да не влегува во Газа и да не ја уништува инфраструкурта. Доцна синоќа, милитантите осолободија нови заложници како што рекоа од хумантрани причини. Станува збор за две државјанки на Израел, 85-годишната Јошевед Лифшиц и 79 годишината Нурит Купер.Лифшиц вели дека поминала низ пекол, опишувајки како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори и тепана со стапови на патот до Газа , но потоа милитантите се грижеле за неа и останатите заробеници. Керќата на Лифшиц, и помогна на нејзината мајка да ја раскаже приказната за тешкото искушение.
-Мајка ми раскажува како била однесена на мотор со нејзините нозе на едната страна, а главата на другата страна и дека била однесена низ полињата со еден човек пред неа, а еден зад неа и дека додека ја носеле ја удирале со стапови луѓе од „Шабаб“ додека не стигнале до тунелите, таму пешачеле неколку километри на мокра земја, таму има голема мрежа на тунели под земја изгледа како пајакова мрежа, Шарон Лифшиц – Ќерка на Јошевед Лишфиц.
Хамас држи уште 200 те заложници кои Израел бара да бидат ослободени. Израелските власти повотрно ги повикаа жителите на Газа да се придвижуваат на северниот дел од појасот каде има безбедни пунктови со хуманитарна помош.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
