Loading Video...
Свет
17. October 2023 - 19:43

Османи: Македонските граѓани во Либан да ја напуштат државата, Бајден утре во Израел

Избегнувајте ги патувањата во Либан а доколку сте таму заминете. Таква порака денеска испрати министерството за надворешни работи до македонските грагани,  поради стравувањата дека војната помегу Изрел и Хамас можно е да се прошири и на либанска територија.  Македонија со Либан нема диплломаткси односи а немаме ниту абмасада и ќе биде многу тешко да ги згрижиме нашите грагани во услови сосотојбата да се влоши вели Османи. 

Од 7 октовмри кога почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас, ракенти напади врз Израел сее вршат и од либаанска  територија   од страна на Хезболах.  Израелските одбранбени   сили соопштија дека утрово   на северната граница  со Либан , Четворица борци на  Хезболах биле затрелани додека се обидувале да постават експлозив  на граничниот ѕид. Израел продллжува да бомбардира   цели во Газа додека илјадници  палестинци со странски пасоши и странски држќавјани се на граничниот премиен   Рафах со надеж дека ке биде отворен и ке влезат во Египет.   Евакуација од Газа сеуште чека и брачниот пар од Македонија.   Граничниот премин Рафах е затворен и за достава  на храна, вода и медицински материјали за палестинското население.

-„Од пресудна важност е цивилите кои страдаат во Газа, а кои се користат како човечки штит од страна на Хамас, да добијат хуманитарна помош. Вода, храна и лекови. И покрај нашата ужаснатост од нечовечкото насилство и неговите извршители од Хамас, важно е да се направи разлика. Палестинците не се Хамас, и Хамас нема право да зборува во нивно име“, изјави Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Американскиот претседател Џо Бајден утре ке пристигне во Израел  за лично од Нетанјаху да биде информиран за најавената  израелска копнена офанзива против исламистичкаат група Хамас во поајсот Газа а според најавите ќе се разговара и за тоа како може да се спречи ширењето на конфликтот во други региони. Русија пак го повика Израел да не презема копнена офанзаива.. Во меѓувреме изарелската армија се пофали дека го убиле главниот командат на разузнавачката служба на групата Хамас во воздушен напад.