Loading Video...
Свет
17. October 2023 - 16:31

Во Брисел највисок степен на предупредување од тероризам, убиен еден од напаѓачите

Највисоко предупредување за тероризам, засилени безбедносни мерки, затвроени улици и училишта. Вака изгледа Брисел ден по терористичкиот напад во кој беа убиени двајца шведски навивачи, а еден се бори за живот.

Во полициска акција утринава убиен е еден од напаѓачите идентификуван како главен осомничен кај кого било пронајдено и оружјето со кое е извршен нападот. 45-годшиниот Абдеселам по потекло од Тунис претставувајќи се како член на Исламската држава ја превземал одговорноста преку видео објавено на Интернет. По вториот осомничен се уште се трага.

Франција ги зајакнува граничните контроли и степенот на безбедност. Макрон вели ова е закана за сите европски држави.

Сите европски држави се ранливи и навистина има оживување на исламистичкиот тероризам. Сите ние имаме ранливост што доаѓа со демократиите и владеењето на правото, каде што поединци можат, во одреден момент, да одлучат да го направат најлошото, вели Макрон

Според првичната истрага на белгиските обвинители напаѓачот намерно убивал шведски државјани, причина за ова е палењето на Куранот и другите дејствија во Шведска против исламот, кои предизвикаа закани од џихадистите. Информацијата ги вознемири шведските државјани.

 Па сега всушност почнувам да се чувствувам малку позагрозен бидејќи како што разбрав овие луѓе немаа ништо со тоа, тие беа само нормални Швеѓани кои гледаа фудбалски натпревар, па затоа ме загрижува каде оди светот и репутацијата што Шведска ја стекна неодамна“.

Од вчера или воопшто во последните неколку години, човек стана позагрижен со оглед на развојот на настаните, а вчера само го потврди тоа. Тоа е непријатно“велат жители на Шведска.

Двајцата шведски навивачи беа убиени вчеравечер за време на натпреварот помеѓу Шведска и Белгија, во близина на стадионот каде имало над 35 илјади навивачи.