Македонија
15. October 2023 - 20:05

Расте бројот на жртви на семејно насилство во Струга

Се зголемува семејното насилство во Струга.Најчесто насилниците се мажи, а судски епилог за ваквите напади нема бидејќи жртвите не сакаат да се поведе постапка ниту ги напуштаат своите партнери поради како што велат слабата материјална и станбена состојба но и  потчинетоста и стравот.Најчесто причини за насилството кое се случува во континуитет кај некои слуачаи  се неверство , алкохолизам и меѓусебни недоразбирања.

Центарот за социјални работи спроведува бројни кампања  со цел охрабрување на жените жртви да бараат помош.

Од  центар за социјална работа од  Струга велат дека традиционалните вредности и економската несигурност најмногу влијаат врз жените да не го напуштат насилникот.