Јавниот обвинител немал притисоци за скандалот на Онкологија
Немал никакви притисоци ниту пак е задоцнета предистражната постапка за скандалот на Онкологија. Вака јавниот обвинител Љубомир Јовески им одговори на членовите на собраниската Комисија за финансисрање и буџет презентирајќи дека за случајот имаат многу обемна документација. На почетокот од обраќањето ги искара пратениците дека обвинителството не е монета за поткусурување и полемизираат за ревизорски извештај што бил дел од доказите. Јовески од говорницата порача дека ќе ги вложат сите напори да го расчистат случајот и ако има виновници да одговараат.
-Еден дел од медицинските истории се веќе издвоени поради сомненија за несовесно лекување и тие ќе се вештачат од независна релевантна институција. Се водат и финансиски истраги за одредени лица, вели Љубомир Јовески, јавен обвинител
Дискусијата на Комисијата во поголем дел беше со препукувања и повишување на тоновите меѓу пратениците и од власта и од опозицијата.
--Дувло на криминалци со чест на исклучоци. Зошто да дозволам некој колега да ми ја брука фелата и да стане милјардер а ти овде да го браниш. Нема бранење и нема зошто мене да ме обвинувате. Тоа таму било организиран криминал и точка, вели Дафина Стојановска – ВМРО-ДПМНЕ
-Ниту некој крие нешто, ниту некој сака да брани нешто што ако е направено е грозоморен чин, зар мислите има таков будала да брани такво нешто, вели Диме Велковски – СДСМ
И едните и другите се согласија дека виновниците треба да имаатѕ име и презиме а не кабел.
Инаку втор ден на Комисијата на дневен ред е ревизорскиот извештај за Онкологија кој покажа дека некој правел тендери за скапи лекови без амин од Фондот, несоодветни бројки на залихите со сметководството како и немање на протоколи за делење на терапијата.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
