Македонија
12. October 2023 - 21:15

Анализа: Каков претседател ни е потребен? Што мислат партиите и аналитичарите?

На помалку од половина година од претседателските избори ниту една партија се уште нема одлука кого би кандидирала на нив. Ниедна од нив нема ни партиски профил на човек би поддржале и што очекуваат од него. Светска пракса е партиите на една година пред избори да го промовираат својот кандидат за гласачите точно да знаат за каква личност гласаат.

Најнапред во процесот е опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Таа веќе објави дека го мери рејтингот на 22 потенцијални кандидати. Од нив, 10 се самопријавиле и побарале партиска поддршка за да влезат во претседателката трка.

Кај владејачката СДСМ испливуваат имиња, како она на поранешниот шеф Заев или пак, на министерот за внатрешни Спасовски, но партиските сондажи и профилирања допрва следуваат. Таму се размислува и на опцијата на заеднички кандидат на цела владејачка коалиција во форма на т.н. проевропски блок.

Најназад во процесот е албанскиот блок. Неофицијално и ДУИ ја размислува опцијата за заеднички кандидат на влста, или барем за еден едниствен кандидат во албанскиот блок. Официјални информации за процесот таму нема.

Албанската опозиција Меџити – Гаши – Касами веќе одлучила дека ќе оди со свој кандидат, но немаат дополнителни информации.

За аналитичарите нема дилема дека новиот шеф на државата треба да биде силналичност кој ќе ги разбира безбедносните прилики во регионот, ќе знае надворешна политика, но и кој е добар во економија и право.

Но, дали партиите имаат такви кандидати?

Професорот Даскаловски вели дека и покрај ограничените законски ингенреции претседателот има механизми да се наметне како силен политичар што може да ги промени работите на подобро.