Loading Video...
Свет
12. October 2023 - 16:40

Израел: Газа нема да добие струја, вода и гориво додека не се ослободат заложниците

Појасот Газа нема да добие електрична енергија, вода и гориво се додека заложниците не бидат на слобода порачаа израелските власти. Жени, деца, израелски војници и странски државјани се меѓу 150 те  заложниици кои ги држи палестинската милитантна група Хамас. Израел во понеделникот ја стави енкалвата под целосна блокада.

- Овде веќе ги немаме основните потреби за живот, животот во Газа заврши. Палестинските жители во Газа се во засолништата на агенцијата  на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток, но немаат вода, немаат струја, немаат ни леб. И има деца, деца кои немаат пелени, немаат млеко и ништо од животните потреби. Ова не е живот, изјави Мохамед Елкура, жител на Газа.

Египет одбива да ја отвори границата за бегалците од Газа. Израелските воздушни удари продолжуваат врз појасот Газа а нападите се насочени кон подземните тунели кои Хамас ги користи за да складира оружје. Тунелите намерно се изградени под  училишта, болници, станбени згради за да при бомбрадирања страдаат цивили, обвини израелското воено раководство. Паралелно на границата со поајсот Газа се зголемува бројот на изарелските војници, кој надмина 340 000. Се поизвесно е дека Изарел подготвува копнена кампања.

- И тука им велам на сите, ќе го избришеме ова нешто наречено Хамас, ИСИС ГАЗА, од лицето на земјата. Ќе престане да постои изјави Јоав Галан, минситер за одбрана на Изарел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинек утрово пристигна во Израел. На средбата со премиерот Нетањаху, вети бескрајна американска поддршка за Израел за да се одбрани од Хамас, но и предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.

- Знаеме дека Хамас не се залага за иднината што Палестинците ја сакаат за себе и за своите деца. Хамас има само една агенда: да се уништи Израел и да се убиваат Евреи.

Во тек е шестиот ден од војната помеѓу Израел и Хамас а според официјалните информации досега загинале над 1200 Израелци и над 1300 Палестинци. Според ОН, повеќе од 330 лица се принудени да ги напуштат своите домови во појасот Газа. ОН повотрно ги повикаа Израел и Хамас да ги прекинат нападите врз цивилите.