Нов Деловник за деблокада на Собранието и без злоупотреба на европското знаменце
По пет години преговори под капата на европратеници, власта и опозицијата денеска ја почнаа процедурата за носење на нов собраниски Деловник. Новиот акт со кој се уредува собраниската работа треба да ги надмине проблемите што настанаа со спорната конститутивна седница на 27 април, редовната злоупотреба на европското знаменце, поголема шанса на опозицијата за пратенички прашања, но и филибастерингот.
Собранискиот спикер задоволен од договорениот предлог текст.
За власта, добро е што со новиот Деловник параламентот станува поефикасен. Амандманската расправа за законите во редовна постпака ќе трае огрнаичено, на најмногу 5 дена.
ВМРО-ДПМНЕ пак, задоволна пак, од тоа што покрај редовните пратенички прашања ќе има и вонредни прашања само за опозицијата.
Опозицијата ќе има и задолжителна прва точка на секоја втора седница, а и интерпелациите секогаш ќе бидат разгледувани први.
Сепак, дел од опозицијата и со критики кон новиот текст. Сметаат дека се дава преговлема улога на собранискиот спикер, нема родово застапеност, а има проблем и во двојазичноста.
Деловникот ќе се носи во редовна постапка. Амандмани на неговиот текст најавија и од Левица. Актот се планира да се донесе до крајот на годината.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
