Европските лидери потврдија дека проширувањето ќе биде само под услов на заслуги
Европските лидери го вратија проширувањето високо на агендата, но без конкретни ветувања и датуми за земјите од Западен Балкан. 2030-та како година за прием на нови членки, денеска воопшто не беше спомената на лидерскиот состанок. Наместо тоа, европските челници порачаа дека местото во европско семејство секоја земја поединечно ќе го заслужи преку рефомскиот процес, подобрување на владеењето на правото и борбата со корупцијата. За да може да се прошири, Европската Унија се подготвува за внатершни реформи за да може да прими нови членки.
За разлика од Мишек и Фон дер Лајен, се чини дека Германија и натаму останува најголем поборник за прием на нови членки. Канцеларот Шолц денеска со јасна порака, по 20 години само ветувања, време е Унијата да ги прифати земјите од Западен Балкан.
Покрај проширувањето, во фокусот на денешниот неформален состанок на европските лидери во Шпанија беа и мигрантите, за што беше подготвена посебна декларација.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
