Македонија
20. September 2023 - 16:31

Формирана анкетната комисија за Онкологија, составот ќе се гласа следниот месец

Собраниската анкетната комисија за скандалот на Онкологија нема да почне со работа пред првата половина на октомври. Пратениците на власта и опозицијата денеска конечно го изгласаа нејзиното формирање, но партиите се уште  немаат одредено кои пратеници ќе бидат дел од неа. Составот, според пратенички извори, може најрано да биде изгласан на пленарна седница која се планира по 5 октомври.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ набројуваат кој точно треба да понесе одговорност, за како што велат планирано масовно убиство во Онкологија.

Од власта велат одговорност треба да има, но не се сите здравствени работници се корумпирани.

Според Одлуката, анкетната комсија треба да утврди политичка одговорност во случајот со злоупотреба на биолошката терапија за болните од рак на Клиниката за онкологија.