Опозициските албански партии поднесоа интерпелација за државниот обвинител Јовевски
Јавниот обвинител Јовески заработи интерпелација од албанската опозиција на Касами, Меџити и Гаши. Документот веќе е поднесен во собраниската архива од пратениците на БЕСА, Демократско движење и Алтернатива. Причина е лошата работа на обвинителот во справувањето со најголемите скандали, а директен повод е незадволството од случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 пациенти.
Поддршка за интерпелацијата даваат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде со години наназад се незадоволни од работата на Јовески и велат дека се работи за партиски играч на СДСМ.
Од владејачкото мнозинство пак, велат прво ќе анализираат, па потоа ќе се произнесат.
Од кабинетот на Џафери засега молк за тоа дали е примена интерпелацијата и кога ќе биде ставена на дневен ред.
Одговор за поднесената интерпелација за тоа дека работи во интерес на политичари и бизнис елити нема ни од самиот обвинител.
Љубомир Јовески беше избран за Јавен обвинител во 2017 година, а мандатот од шест години му истекува за три и пол месеци. Во меѓувреме тој конкурираше и за уставен судија, но повеќе од една година неговиот избор е заглавен во парламентот поради блокада на опозицијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
