Македонија
13. September 2023 - 16:31

Ковачевски уверува дека измените биле правени согласно европската регулатива

Измените на кривичниот законик се согласно европската регулатива и ќе донесат поефикасен судски систем, смета премиерот Ковачевски. Тој вели дека вакви одредби за злоупотреба на службената положба имале и Германија и Словенија. Ковачевски тврди дека сите процеси се консултирани со официјален Брисел, а европското знаменце не било злоупотребено.

Сепак, од Европската комисија со поинаква реторика од онаа на премиерот. Од таму велат дека се загрижени дека ексшпресно донесените измени влијаат на голем број случаи од висока корупција. ж

„ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените на Кривичниот законик усвоени на експресен начин од Собранието на Северна Македонија -  кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста -- влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво.

Велат и дека немало консултации со Брисел на оваа тема.

“Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со првото на ЕУ“, пишува во одговорот од Европската комисија.

Од таму потсетуваат и дека државата се обврза да се бори против неказнивоста  и дека мора да има ефективни санкции за сите корупциски активности, за што и понатаму ќе ја следат состојбата со владеење на правото во контекст на пристапните преговори.

Вечера пак, и американската амбасадорка Агелер најави правен тим кој ќе ги анализира контроверзните измени.

И додека Ковачевски тврди дека нема временска калкулација во донесувањето на измените  на Кривичниот законик со  уставните измени, тој уверува дека на крајот за промена на Уставот ќе гласаат дури 118 пратеници. Посетите на странците не биле дипломатски притисок, вели премиерот.

Седницата за уставни измени беше закажана на 18 август. Расправата заврши, но гласање не се случи. Измените на кривичниот законик, пак, само еден ден од кога влегоа во Собранието, експресно беа донесени од страна на власта.