Најмалку 15 загинати во невремето Даниел во Грција, Турција и Бугарија
Во Грција бројот на жртвите од невремето Даниел се зголеми на четири, а се трага по уште 3 лица, од кои две се туристи од Австрија. Во моментот најтешка е соотјбата во Кадрица и Трикала, но и во наслебата Кастро во Лариса, каде луѓето денеска беа приморани спас од надојдената вода да бараат на покривите од своите домови. Тесалиската рамнина е претворена во езеро.
Според метеролошките извештаи, силниот дожд ќе продолжи и денеска во Тесалија, Евија и делови на централна и источна Грција. Властите потестуваат дека во областа Магнезија се уште е на сила забраната за двиежње возила. А од вчера под вода се и делови на Атина. Од вторникот наутро кога започна невремето до утрово противпожарната служба на Грција примила 4870 повици за помош во погодените региони, на безбедни локации биле пренеси над 800 лица. Многу патишта, мостови, куќи и деловни објекти се оштетени. Материјалната штета ќе биде голема, соопштија грчките власти.
Невремето Даниел одзеде животи и предизвка проблеми и во Турција и Бугарија. Труските власти соппштија за седум смртни случаи а во Бугарија има четири жртви.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
