Дијабетичарите и натаму без потребните мерачи- Најавуваат групна тужба
Продолжува голготата на лицата со дијабет кои се уште немаат глукомери и ленти за редовна контрола на шеќерот во крвта. Ниту протестот минатиот месец не беше доволен за решавање на осуммесечниот проблем, па затоа здруженијата продолжуваат преку правни механизми да ја бараат правдата. Пред да поднесат колективна тужба, доставиле претставка до Министерот Фатмир Меџити кој има рок од 15 дена да одговори на нивните барања.
- Голготата на овие лица на овие горештини кои одат да молат за ленти кои треба да им ги обезбеди државата е голема, проблеми со хипертензија, стрес, нервози но и компликации кои можат да настанат кај дијабетичарите, вели Диме Велев претсдател на Сојуз на здруженија на дијабетичари.
Надлежните велат во скопските инсулински аптеки минатата недела доставиле ленти, но таа бројка спроед здруженијата била многу мала и пак голем број останале без неопходните средства за контрола на шеќерот. Дијабетичари реагираат дека нема низ градовите во внатрешноста и оставени се сами на себе. Реагираат дека се понижени, изманипулирани а бараат само право на редовна здравствена заштита.
- Сакаме само нормално да функционираме, децата да одат во училишпте, студентите на факултет.. Не сакаме да дојде до протест, но и таа идеја не ја отфрламе целосно, вели Велев.
А дека дијабетичари на горештините за џабе одат во инсулинските аптеки во петокот се увери и министерот за здравство, кој при посетата на поликлиниката Јане Сандански за промовирање на реформите кај матичните, се соочи и со револтирана пациентка.
Од Сојузот на здруженија за дијабетичари од Министерството за здравство бараат да им бидат вратени сите ленти за мерење на шеќер кои беа принудени изминатите месеци да ги купуваат сами.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
