Ескобар пристигна во Македонија
Американскиот дипломат задолжен за западен Балкан Габриел Ескобар е дојден во земјава за да се обиде да ја разреши политичката ситуација по неуспешната петочна седница за уставни измени, вели политкологот Божиновски. Според него притисокот што Ескобар би го направил не е само врз опозициската ВМРО-ДПМНЕ која стои цврсто против промената на уставот.
Ескобар попладнево ја почна дводневната мисија во Скопје со државниот врв и со опозицијата по само една недела откако во парламентот почна процесот на уставни измени, но поради тоа што власта не обезбеди 80 пратеници гласање за внесување на Бугарите не се случи.
Американскиот дипломат попладнево беше примен од шефот на државата Пендаровски.
„На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.
Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес“ стои во соопштеието од кабиенeтот на Пендаровски.
Сепак, клучниот дел од агендата на Ескобар е утре. Тој утре претпладне ќе се сретне со премиерот Ковачевски, по што е планирана и заедничка прес-конференција. Потоа заминува на средба со опозицискиот лидер Мицкоски, од каде и очекувањата се најголеми.
Пред доаѓањето во Скопје, од Стејт департментот со порака дека Ескобар очекува конструктивна и заедничка дискусија со политичките лидери на земјава.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
