Силно невреме поплави голем дел од Словенија, регистрирани првите жртви, голем дел од населението евакуирано
Автомобили пливаат низ надојдената вода, поплавени бројни населени места и патишта, оштетени мостови, одрони од земјиште и кал, евакуциии... Ова е сликата од Словенија по синоќешното невреме.
Стотици пожарникари се на терен. Активирана е и војската. Со хеликоптери учестува во спасување на луѓе заробени на покривите.
Низ државата одекнуваат сирени кои предупредуваат на опасност.
- Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа ги повикувам сите кои немаат итно патување да останат дома и да не возат наоколу, зијави Марјан Шарец , минситер за одбрана.
Неколку општини се отсечени од остаток на земјата. Словенечката претседателка порача дека се се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент.
Обилните дождови предизвикаа најголеми проблеми во северниот дел на Словенија. На места наврнале и околу 200 милиметри дожд на метар квадратен. Најтешко е во Корушка и Горењска.
Според метеролозите, никогаш не паднал толку многу дожд во еден ден. И за денеска во Словенија се најавени поројни дождови.
- Тешки услови се очекуваат денеска на југоисток од Словенија, особено во областа Кочевски, во областа Купа и Бела Краина долж хрватската граница, соопшти метеорологот Бране Грегорчич од Словенечката агенција за животна средина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
