Сведоштво од погодените подрачја на Словенија, владее страв за тоа што го носи ноќта
Паника, страв, загриженост што ќе донесе ноќта. Сирените ги предупредуваат да седат дома, а голем број Словенци преку радио дознаваат каква е состојбата по силното невреме.
Бојан Јелен од соседите дознал дека неговата болна мајка е згрижена откако во Корошка каде што им е семејната куќа невремето и поплавите направиле вистински хаос. Тој за Сител сведочи дека во неговото родно место има општа опасност и на многу постари лица им треба помош, но поради срушените мостови и поплавени улици теренот е непристапен.
- Јас стравував дека нешто може да и се случи на мајка ми бидејќи тешко се движи. Сега сум мирен, знам дека е сместена во Центарот за цивилна заштита. Но, многу луѓе возрасни се во иста состојба и мора да се евакуираат од домовите во тие центри со хеликоптери и со заштитни возила и да одат во центрите за цивилна заштита или во основните училишта кои се претворени во центри за постарите лица, вели Бојан Јелен од Словенија.
Бојан вели дека илјадници граѓани се без струја, штетите се огромни и санацијата ќе траe долго. Но, она што ги плаши се најавите дека дождовите и невремето не се завршени и затоа во многу краишта е издаден црвен аларм.
- Постојано има известување на радио за никој да не излегува од дома, да се качиме на што повисокото во куѓата и да не излегуваме надвор бидејќи е опасно по живот поради водат и поради свлеќиштата кои се многу опасни овде. Имаме брда и се може да се случи овде, вели Јелен.
Во каква состојба е куѓата во која го поминал детството, Бојан незнае. Страшното невреме од северот може да ги зафати и останатите делови во Словенија.
- Реката Савиња однесе многу мостови, куѓите се поплавени и кал донесе до крововите. Ние стравуваме за ноќта бидејќи немаме добри ингформации за толкав период, вели Бојан Јелен.
Мајката на Бојан нема телефон бидејќи останал во куќата. Тој постојано следи на радарските снимки и слуша на радио кога и како ќе може да отиде во неговиот роден крај да им помогне на соседите и да ја види мајката.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
