Македонија
5. July 2023 - 16:39

Илјадници дијабетичари без лекови и апарати за мерење шеќер

Илјадници пациенти со дијабет од Нова година досега се оставени без ленти и апарати за мерење на шеќерот во крвта. Немаат и таблетарна терапија и со месеци купуваат од свој џеб и живеат благодарение на донации.

Им даваат рок на надлежните до 20 јули да го решат овој проблем, во спротивно ќе излезат на улица.

- Доколку до 20 јули не добиеме, тогаш ние ќе дојдеме овде пред министерството, потоа до Влада, сите пациенти и ќе почнеме со лични обраќања. Значи сите граници на толеранција се надминати, да не зборуваме колку се оштетени домашните буџети- вели Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари. 

- Еве денес провери, нема и игли, а нема и сетови за инсулински пумпи, најмладите не можат да дојдат до инсулин- вели Јордан Синадинов, претседател на Здружение на дијабетичари во Кочани.

Дијабетичарите со прашање до надлежните – ако тие како здруженија можат да обезбедат донации од компании, тогаш како тоа неможат да го реализираат институциите. 

Министерот за здравство е свесен за проблемот што го има оваа категорија на граѓани а тоа, како што рече, се случува поради административните и тендерски процедури. Најавува решение кое треба да функционира и во индина, но не кажа дали деновиве лицата со дијабет ќе имаат ленти.

На иста мака се и пациентите со цистична фиброза кои чекаат да добијат трикафта или повторно ќе излезат на протест.  Денеска на средба со министерот добија информација дека повторно сите ќе бидат вратени во еден центар во болницата во Козле, а кога ќе стигне неопходната терапија конретен рок нема.