Дали Финансиската полиција ќе постапува по случајот со внукот на Ахмети, Дрин Ахмети за купувањето на Соравија?
Финасиската полиција се уште не почнала да ги проверува транскациите што ги направил внукот на Али Ахмети, Дрин за да го добие својот удел во трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје, откриваат за Сител извори од оваа институција. Сепак, тие не исклучуваат вакво нешто ако други институции тоа го побараат од нив, или пак, ако се појават некакви сомнежи.
Претходно, правните експерти беа децидни дека дури и без закон за потекло на имот, државата има инструменти за да ги провери транскациите што делуваат сомнително или пак, за кои во јавноста има интерес, особено затоа што во случајот со Соравија се работи за милионски суми што треба да ги инкасира многу млад човек.
Од друга страна, неофицијално, финансиската полиција веќе имала неколку постапувања за случаевите на струшкиот градоначалник Мерко кој минатата недела беше ставен на американската црна листа за корупција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
