Македонија
25. јуни 2023 - 16:57
12та Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања''
Вевчани и годинава ги собра уметниците на едно место. 25 сликари од земјава и странство инспирирани од Вевчанските извори, автентичните сокаци, старите градби, цркви и планината Јабланица творат на 12тата Меѓународната ликовна колонија Вевчански видувања.
Во рамките на колонијата ќе се одржи втората детска ликовна школа, во која учество ќе земат над 40 деца.
На колонијата досега учествувале над 200 домашни и странски ликовни уметници. Изминативе години, делата од колонијата беа презентирани на многу изложби надвор од државата, а сега тие ќе се најдат во Белград.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
