Македонија
16. јуни 2023 - 16:36

Поддршка за Менкиноски на стартот на процесот за нарушен јавен ред и мир поради знаме со сонцето од Кутлеш

Бројни охриѓани утрово излегоа со веење знамиња и скандирање пред Основниот суд во Охрид во знак на поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир со  поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш“ во Охрид.

Судскиот процес поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата се одложи.

Менкиноски и по одложеното рочиште изјави дека не се чувствува виновен, вели дека Согласно закон за кривична постапка мора да присуствува, да има лице од МВР што ќе го образложи обвинението.

Адвокатот е обвинет дека го прекршил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид  кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.