Пациентите со механичка поддршка на срце најавуваат радикални мерки ако не им се излезе во пресрет на нивните потреби
Пациентите со механичка подршка на срце имаат живот во неизвесност а надлежните се уште немаат слух за нивните потреби. Од „Храбро срце“ најавија дека преку порадикани мерки подржани од народот ќе ја бараат поддршката во иднина за да се направи првата трансплантација за замена на механичка пумпа со срце од донор. Поради спецификата на болеста, државата треба да обезбеди воздухопловно возило за итен превоз на стручни лица од странство.
За ваков зафат чекаат 15 тина пациенти во земјава, а најмладата има само 27 години.
Врзани со механичка пумпа 24 часа, овие луѓе се комплетно зависни од напојување, батериите, каблите и струјата, кои живот значат живот. Последната година 5 до 6 лица ја изгубија битката поради дополнителни компликации со болеста.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
