Албанија со градилиште во Охридското езеро и покрај препораките на УНЕСКО
Албанија со градилиште во Охридското езеро и покрај препораките на УНЕСКО .Екологистите алармираат дека од една страна се прокламира заштита, но од друга се форсираат некакви проекти кои ја нарушуваат природната рамнотежа. Се чини дека албанскиот премиер Еди Рама не е во тек со процесите кои се одвиваат, реагираат од Охрид СОС па форсира зафати на својот фб профил објавувајќи фотографии од проектот изградба на марина во Тушемиште на самиот брег на Охридското езеро.
Министерката за животна средина Шукова изненадена од ваквиот однос најави дека ќе реагираат соодветно бидејќи целиот тој проект се коси со Унеско.
Екологистот Зороски посочи дека не смее во ниедна од двете држави да прават градежни активности без консултации со сите надлежните институции.
Екологистите велат дека иако албанскиот дел од регионот само пред четири години беше вклучен на листата, многу брзо се покажаа слабостите на терен за заштита.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
