Македонија
21. May 2023 - 16:32

Младите од Охрид наместо занаети, избираат да ја напуштат државата

Младите наместо во сопствената земја својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.Се помал е интересот за отварање на сопствен бизнис или продолжување на старите фамилијарни занаети во Охрид.Иако имаат кретивни идеи сепак нивниот сон сакаат да го реализираат надвор од родното место.

Наспроти нашата земја, занаетчиството во светот е доста платена професија па се почесто младите се враќаат на занетите.

Во Охрид најазастапени се модерните занаети додека се помалку има стари занаети.Ниските плати, но и целокупната ситуација во земјава социо -политичките услови се дополнителни причини  зошто заминуваат младите.Добрите познавачи сметаат дека потребна е сеопфатна стратегија  и  итна акција од страна на државата , политики кои ќе ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат.