Loading Video...
Балкан
4. May 2023 - 16:35

Кецмановиќ не бил под дејство на опијати, двајца од повредените во критична состојба

Аудио снимки одбјавени на социјалните мрежи сведочат за маскарот кој вчера го потресе регионот.

Две деца се уште се во критична состојба по вчерашниот крвав напад во училиштето со Врачар. Лекарите на детската клиника се борат за животот на девојчето кое со сериозна повреда на мозокот вчера беше итно оперирана и се уште е на интезивна нега. Останатите повредени деца и наставничката по историја се надвор од животна опасност.

13-годишниот Коста Кецмановиќ и денеска е под надзор на психијатри, а резултатите од крвта покажале дека тој вчера не бил под дејство на наркотици.

Неговиот татко е се уште во притвор. Се товари за кривично дело против општата безбедност и утре ќе даде исказ пред обвинителите.

Неговото рочиште е закажано за утре. За делото што го товари му се заканува казна затвор од две до 12 години. Истрагата се движи во неколку правци, и нема да остане неистражен ниту еден детаљ, изјави Никола Ускоковиќ од Вишото јавно обвинителство во Белград

Србија и денеска завиена во црно. Сликата пред основното училиште и утрово е иста. Голем број граѓани и ученици палат свеќ и и оддаваат почит за жртвите и нивните семејства.

- Исклучете сè што предизвикува насилство и погрижете се нашите деца да се дружат што е можно повеќе. Фрлете ги мобилните телефони, забранете ја нивната употреба на училиште, бидејќи ова е ужасно. Осум деца. Прашање е што ќе се случи со другите. Ова е огромна тага.

- Не знам што да ви кажам. Јас сум учител и сега одам на училиште. Потресен сум како човек. Вчера и деновите што доаѓаат се најтажните што ги доживеав во мојата кариера и како човек.Вчера денот го поминавме со деца за да се обидеме на некој начин да го рационализираме тоа што се случи.Но нема зборови.Сочувствувам со моите колеги,со наставничката и децата чии животи се уште се во опасност.Знаеме некои од нив. Секој коментар е излишен.

- Што да се каже? Ова е ужасно. Има се повеќе луди луѓе на улиците. Има се повеќе нервоза и секојдневно гледаме пеколни работи. Што се случи, се случи, за жал, но се надеваме дека никогаш нема да се повтори .

Србија од утре е во тридневна жалост, а нема да работат ниту училиштата. Просветниот инспекторат најави штрајк со барање за поголема безбедност во училиштата и оставка од министерот за образование.

Со над 50 куршуми 13 годишниот Коста Кецмановиќ вчера уби 8 деца и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар

Српските медиуми денеска јавуваат за нов инцидент во основно училиште во Обреновац, во кој 14 годишно момче вперило пиштол играчка кон своите соученици. Веднаш потоа полицијата го уапсила неговиот татко.