Македонија
3. May 2023 - 12:22

Струга го развива активниот туризам

Струга го развива активниот туризам. Кајакарењето од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим до Глобочица оваа сезона главна атракција за туристите. 

Ваквите тури кои се организираат со кајаци по течението на реката на посетителите ги запознаваат со недопрената природа на реката и збогатување на струшката туристичка понуда но според активистите потребна е поголема подршка за развој на кајакарството.

Од Кајакарскиот клуб „Соларис“ посочуваат дека оваа сезона се подготвени да го зголемат пловниот капацитет како резултат на се поголемиот интерес.

Туристите покрај плажа и прошетки се повеќе го бараат активниот туризам тие се заинтересирани за кајакарење, планинарење, велосипедизам каде покрај адреналин се нуди поголема забава и социјализација.