Македонија
2. May 2023 - 12:20

Охриѓани реновираат, отпадот завршува во Охридското Езеро

Повторно најразличен отпад на дното на охридското езеро.И додека нуркачите преку најразлични акции го чистат несовесните граѓани одлагаат секаков вид отпад.Дотраена покуќнина ,градежен шут ,пластика а овој период кога најчесто се реновираат апартманите во градот пред стартот на летната сезона за жал може да се најде од се по нешто.

Потребно е да се работи на ниската еколошка свест на населението, кое не е доволно свесно за значењето и вредностите на езерото.

Нуркачите сметаат дека повеќе не смее да се игнорира проблемот со загадувањето на Охридското Езеро. Неопходна е конкретна акција од надлежните  и казнување на загадувачите кои остануваат глуви на сите апели за заштита на природниот бисер.